Top Sport

Кол и Битадзе ги „кренаа“ Будуќност, Баерн со важна руска победа (видео)

Норис Кол со 20 поени и Гога Битадзе со 16 поени и седум скока повторно беа лидери на Будуќност, кои стигнаа до 75:70 победа над противникот од долниот дел од табелата на Евролигата, Гран Канарија.

Мечот беше неизвесен од почеток до крај, откако Будуќност имаа предност од +3 по првата четвртина, губеа со -2 на полувреме, и влегоа во последната четвртина со 4 поени предност. На пет минути пред крајот, Гран Канарија постигна три поени за 66:63 водство, пред Кол и Ерл Кларк да поентираат за Будуќност.

Дерик Вилијамс имаше одлична партија со 20 поени за Баерн Минхен да стигнат до 71:60 победа на гостувањето кај Химки. Поранешниот втор пик на НБА драфтот имаше 20 поени и 5 скока против својот поранешен клуб за Баерн да се доближи до првиот пласман во плеј-офот во историјата на германскиот клуб.

ЕВРОЛИГА, 20. КОЛО

Химки – Баерн Минхен 60:71 (28:10, 12:25, 10:21, 10:15)

Дарушафака – Басконија 80:75 (21:29, 24:18, 18:14, 17:14)

Будуќност – Гран Канарија 75:70 (27:24, 9:14, 25:19, 14:13)

Барселона – ЦСКА Москва 76:84 (20:20, 21:24, 20:19, 15:21)

Scroll to Top