Top Sport

Колапс на Реал, Барселона со Купот на кралот

Реал Мадрид имаше фантастично отварање на мечот и водство од неверојатни 19:5 по првата четвртина, но на крајот успеа да загуби од Барселона во финалето на Купот на кралот во Гранада со 64:59 по неверојатната последна четвртина.

Дуелот на старите ривали почна со апсолутна доминација на „кралевите“ и 19:5 водство по првата четвртина и 29:18 на полувреме во меч во кој одбраната го имаше главниот збор, но во второто полувреме, каталонскиот клуб успеа да се врати за да поведе со шест поени предност на две минути пред крајот. Тука не беше крајот на возбудувањата, Реал успеа да израмни, пред Барса повторно да поведе и на крајот да победи со 64:59. Најзаслужни за победата беа Никола Миротиќ со 19 поени и 12 скока, но и Рокас Јокубаитис, кој постигна 12 поени, од кои дел во клучната последна четвртина.

Тимот на Шарунас Јасикевичиус ја освојува 17. титула од Копа дел реј, и ова е трета победа на неговиот клуб над Барселона, по мечевите во Лига Ендеса и во Евролигата.

 

Scroll to Top