Top Sport

Конечно ги добивме патиките без врвки од „Враќање во иднината“! (галерија)

Американскиот гигант „Најк“ денеска ги претстави своите нови патики „Adapt BB“, јасно инспирирани од славниот филм „Враќање во иднината“, најавувајќи го „крајот на врвките за патики“.

Патиките се промовирани како „smart shoe“, и први, нормално, ќе ги добијат НБА ѕвездите – Џејсон Тејтум од Бостон ќе биде првиот кој ќе ги проба на теренот против Торонто репторс.

„Веќе сме 2019. Живееме во ерата на 3Д принтери и дизајн. Но, уште користиме обични врвки. Затоа потребни ни се умни патики кои совршено стојат на ногата. Збогувајте се со врвките, оваа патика е направена за вашето стапало“, изјави Мајк Донахју од „Најк“ на презентацијата.

Најк се фалат дека со допир на копче, патиката совршено ќе се адаптира на вашето стапало, а исто така ќе можете да ги поврзете патиките со вашиот смартфон за да добиете други опции за подесување. Единствена „маана“ може да биде тоа што по тренингот, трчањето или натпреварот, морате да ги поставите патиките на направа за полнење на батериите.

Секако, сонот за патики кои не треба да ги врзувате првпат се појави на филмските екрани во серијалот филмови „Враќање во иднината“, каде што Марти Мекфлај (Мајкл Џеј Фокс) беше изненаден од практичноста.

Цената? Релативно ниски 350 американски долари.

Scroll to Top