Top Sport

Конли е замената за Букер на Ол стар натпреварот

Кошаркарот на Јута Џез, 33-годишниот Мајк Конли, прв пат во кариерата ќе се игра на Ол стар натпреварот. Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, го повика Конли, откако поради повреда на коленото од Ол старот се откажа кошаркарот на Финикс Санс, Девин Букер.

Конли на Ол стар натпреварот ќе им се приклучи на соиграчите Руди Гобер и Донован Мичел. Јута Џез е единствениот тим со тројца свои претставници на Ол стар мечот.

Инаку, во Атланта, каде ќе се одигра натпреварот, ќе биде и тренерот на Јута, Кин Снајдер.

Јута Џез се водечката екипа во НБА лигата со 27 победи и девет порази.

Конли, оваа сезона има просек од 16,1 поени, 5,7 асистенции, 3,5 скока и 1,4 украдени топки по натпревар.

Мајк Конли, првите 12 сезони во НБА ги мина во Мемфис Гризлис, а тековната сезона му е втора во Јута.

Ол стар натпреварот ќе се одигра во недела, во Атланта.

Scroll to Top