Коронавирусот направи хаос во уште еден спортски клуб. По Тотенхем во Премиер лигата, вирусот силно го погоди Чикаго Булс. Петмина играчи на „биковите“ се во изолација поради позитивни тестови.
Според НБА протоколите во изолација за Коби Вајт, Џавонте Грин, Демар Дерозан, Мет Томас и Дерик Џонс.
Поради повреди во тимот ги нема Алекс Карузо и Патрик Вилијамс, што само ги зголеми проблемите на Булс.
НБА лигата му дозволи на Чикаго да потпише 10-дневен договор со Стенли Џонсон, бидејќи тренерот Били Донован на располагање има само девет кошаркари.