Top Sport

Елмас, заслужено, играч на неделата во Лига Европа

Македонскиот „дијамант“ на Наполи, Елиф Елмас е најдобар играч оваа недела во Лига Европа, откако со два гола вчера помогна „партенопеи“ да ги совладаат Лестер со 3:2 и да обезбедат плејоф во пролетното продолжување на натпреварувањето.

Елмас го постигна вториот гол за Наполи да поведат со 2:0 на стартот на мечот, но откако премиерлигашот израмни на 2:2, тој го постигна и својот втор гол, одлучувачки за пласман, целосно оправдувајќи ја довербата од тренерот Лучано Спалети, и секако уште повеќе зголемувајќи си ја својата цена на пазарот, посебно сега кога и англиските новинари и клубови имаа шанса да го видат неговиот талент.

Елмас со два гола ги „крена“ Наполи пред Лестер!

Scroll to Top