Вториот ден од почетокот на сезоната во НБА лигата, поради коронавирусот, одложен е натпреварот помеѓу Хјустон Рокитс и Оклахома сити Тандер.
НБА објави дека дошло до кршење на мерките и пропишаните протоколи во најсилната кошаркарска лига во светот.
Најпрвин, Џејмс Харден бил снимен во еден стриптиз-бар, со што г прекршил здравствените и безбедносните протоколи.
Веднаш потоа било утврдено дека тројца кошаркари на Хјустон се позитивни на коронавирусот.
Исто така во изолација биле испратени уште четворица кошаркари на Хјусотн, тие ќе ги чекаат резултатите од повторениот ПЦР тест.