Алекс Карузо од Лос Анџелес лејкерс бил упасен во Тексас поради поседување на марихуана при обид да влезе во авион на аеродромот во Колеџ Стејшн.
Во неговата торба биле пронајдени околу 50 грама марихуана, по што тој бил уапсен, а потоа пуштен со кауција. Карузо играше кошарка за Тексас А&M колеџот, а ова лето стана слободен агент.
27-годишниот Карузо пристигна во Лејкерси во 2017 година, и во четири години беше редовна замена во тимот со просек од 6.4 поени, 2.9 скока и 2.8 асистенции во 58 меча минатата сезона.