Top Sport

„Вавринка е еден од најдобрите во историјата“

Тренерот на Стен Вавринка, Магнус Норман верува дека швајцарскиот тенисер е еден од најдобрите на сите времиња.

„Стен е еден од најдобрите играчи во историјата. Ако се погледне неговиот учинок, тој освои три различни грен слем титули играјќи против `големата четворка`. Тој е помалку потценет, тоа е сигурно, но беше дел од голем број грен слем полуфиналиња. Има неверојатна кариера“ изјави Норман за АТП.

Тој откри и што го прави швајцарскиот ас поразличен од другите.

„Тој е хаотичен, ја нема константноста на Мареј, Новак, Роџер или Рафа, но кога е на врвот, тој може сите нив да ги победи. Поради тоа е посебен. Никогаш не знаеме како Стен можеме да очекуваме и затоа многумина не со сакаат. Стен секогаш игра `на работ`. Таква му е личноста и тоа е тешко да се промени“ – вели Норман.

Scroll to Top