Кошаркарите на Цедевита Олимпија во словенската пресметка, во АБА лигата, ја победија Крка со 77:69, меѓутоа резултатот и играта паднаа во втор план откако е објавено дека еден играч на Олимпија бил заразен со коронавирусот.
Медиумите од Словенија објавија дека кошаркарот на полувремето дознал дека е заразен со коронавирусот. Неофицијално во прашање е Ален Хоџиќ.
Олимпија пред мечот со Крика гостуваше во Нантер, во Еврокупот. По враќањето од Фарнција сите играчи и членови на стручниот штаб биле тестирани и резултатите биле негативни.
Тестови на сите во Олимпија им биле направени и пред почетокот на АБА лигата.
Поради овој случај двата тима ќе мора да бидат во самоизолација во наредните 24 часа, а пота ќе бидат тестирани.