Кошаркарот на Партизан Никола Јанковиќ бил позитивен на вирусот Ковид-19, потврдиле од неговиот клуб.
Јанковиќ (26) немал никакви симптоми, а решил а направи тест од превентивни причини бидејќи планирал да замине со семејството на одмор во странство.
На центарот на Партизан сега му претстои период на самоизолација, додека сите останати во клубот ќе мора повторно да се тестираат.
Центарот на Партизан, минатата недела заедно со соиграчите бил на фудбалското дерби Партизан-Црвена звезда, а исто така бил и дел на прошталниот натпревар на тренерот на Мега Бемакс Дејан Милојевиќ.