Кошаркар на Реал Мадрид е заразен со коронавирусот, потврди шпанскиот клуб без да го наведе името на играчот. „Марка“ објави дека станува збор за Треј Томпкинс.
Поради вонредната ситуација сите членови на кошаркарската, но и на фудбалската секција, се сместени во карантин.
Иако заразениот играч е член на кошаркарскиот клуб изолирани во наредните 14 дена ќе бидат и фудбалерите бидејќи кошаркарската и фудбалската секција на славниот клуб користат исти простории во клупскиот Спортски град.
Заразениот кошаркар бил веднаш хоспитализиран, а фудбалерите на Реал го откажале денешниот тренинг.