Top Sport

Кошаркари во САД брутално ги претепале судиите (Вознемирувачко видео)

Вниманието на кошаркарската јавност во САД е насочена најмногу кон НБА лигата и универзитетската НЦАА, меѓутоа таму постојат уште неколку силни натпреварувања, како што е развојната лига или Амтареската спортска унија (ААУ).

ААУ е лига во која играат оние што ја сакаат кошарката, а повеќе не се студенти, не успеале да најдат ангажман во странство, а далеку се од НБА лигата.

Токму во оваа лига викендов се случил скандал што длабоко ја потресе американската јавност.

Незадоволни од судењето, кошаркарите на Р.А.В. Атлетикс од Чикаго на теренот брутално ги претепале судиите.

Снимките од тепачката ја кренаа на нозе американската јавност, каде најчесто се бараат драконски казни за виновниците и суспензија за клубот.

Scroll to Top