Top Sport

Навивачи го каменувале автобусот на Бразил (Видео)

Елиминацијата на Бразил во четврт-финалето на Светското првенство тешко им падна на навивачите во земјата во која фудбалот е како религија.

Бразилците пред мундијалот беа најголеми фаворити за титулата, меѓутоа на патот до шестата титула им застана Белгија.

Репрезентативците се вратија дома во Бразил, а навивачите со камења фрлале по автобусот кој ги превезувал.

Како што објавија бразилските медиуми никој од играчите и членовите на стручниот штаб не биле поредени, а оштетен бил само автобусот.

Scroll to Top