Кошаркарите на Бразил ја совладаа Летонија со 94:69 во финалето од квалификациите за Олимписките игри.
Со овој триумф избраниците на Александар Петровиќ обезбедија учество на турнирот во Париз.
Бразил на Олимпијадата ќе биде во групата Б со Франција, Германија и Јапонија.
Бруно Кабокло го предводеше бразилскиот тим до победата со 21 поен и четири скока, Лео Мејндл имаше поен помалку и осум скока.
Жоргињо Де Паула со 14, Марселињо Хуертас и Гуи Сантос постигнаа по 12 поени. Јаго дос Сантос за нешто повеќе од седум минути на паркетот постигна три поени и две асистенции.
Во литванскиот тим се истакнаа Рихардс Ломаш со 15 поени и пет скока, Роланд Смитс со 14 поени, исто колку и Артурс Жагарс.
Кошаркарскиот натпревар на Олимписките игри ќе се одржи од 27 јули до 10 август.