Top Sport

Кошаркарите на Грција добија нов селектор – Рик Питино

Грчките кошаркарски репрезентативци денеска добија нов селектор. Кормилото на селекција чиј предводник е Јанис Адетокумбо од денеска го презема искусниот американски стручњак, Рик Питино кој минатата сезона работеше во атински Панатинаикос. Со „зелените“ Питино ја освои домашната шампионска титула, а стигна и до плеј-офот во Евролигата.

„Па, јас сум селектор на Грција. Голема чест за мене е да ја преземам оваа позиција. Се радувам на почетокот на работата“ – изјавил Питино пред грчките новинари.

Својата официјална промција Американецот ќе ја има во понеделник кога ќе бидат познати и детали од договорот со Кошаркарската федерацја на Грција.

Питино доаѓа на местото на Танасис Скуртопулос кој ја напушти селекторската позиција по разочарувачкиот пласман на Мундобаскетот во Кина.

Scroll to Top