Top Sport

Тепачка на тенисерки по завршен меч во Лас Вегас (видео)

Канандска тенисерка Кетрин Себов (20) и Американката Алисија Паркс (19) меѓусебниот дуел во осминафиналето на ИТФ турнирот во Лас Вегас го завршија со тепачка.

Канадската тенисерка триумфираше со 2-0 (6-0 и 7-6), па после последниот поен беше јасно дека Американката е нервозна, оти се гледа на снимката како го фрла рекетот.

Наводно „масло на огнот“ фрлила Себов кој силно ја стиснала раката на противничката при поздравувањето, па Паркс збесна. Тргна да се пресмета со противничката, но судијата и тренерите успеаја некако да ги раздвојат.

Scroll to Top