Top Sport

Кошаркарите поразени и од Чешка

Кошаркарската репрезентација на Македонија го загуби и третиот натпревар на предолимпискиот турнир во Талин. Денеска подобри од нашите кошаркари беа ривалите од Чешка кои славеа со 94:82.

Ти Џеј Шортс со 27 поени беше единствениот расположен за игра во селекцијата на Македонија, а делумна поддршка доби од Војдан Стојановски кој уфрли 13 поени.

На овој турнир селекторот Александар Јончевски го немаше на располагање Ненад Димитријевиќ поради повреда.

Претходно, кошаркарската репрезентација на Македонија доживеа порази и од Израел и од Естонија.

 

Scroll to Top