Машката сениорска репрезентација на Македонија утре ги стартува мини-подготовките за февруарскиот ФИБА „прозорец“, и натпреварите на турнирот во Перм Русија.
Првиот собир, селекторот Александар Тодоров го закажа од 13. часот, во големата сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, каде ќе се тренира се до предвиденото заминување за Русија.
Во Скопје ќе бидат одработени вкупно пет тренинзи. Првите четири од 13. часот, додека оној последниот, во недела, на 14.февруари, ќе биде од 15. часот.
На 15. февруари, во раните утрински часови, со чартер-лет, репрезентацијата ќе отпатува за Перм.
1.Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
2. Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
3. Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
4. Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
5. Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)
6. Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)
7. Марко Симоновски (Кожув)
8. Андреј Митревски (ТФТ)
9. Љубомир Младеновски (Работнички)
10. Виктор Ефремовски (Работнички)
11. Дамјан Робев (Куманово 2009)
12. Бојан Трајковски (Пелистер)
13. Војдан Стојановски (Гравелин-Данкерк – Франција)
14. Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија)
15. Џејкоб Вајли (Гран Канарија-Шпанија)
16. Ненад Димитријeвиќ (Хувентуд-Шпанија)
17. Стојан Ѓуроски (ХЛА Аликанте-Шпанија)
Поради клупските обврски, подоцна на подготвките ќе им се прклучат Ѓуроски и Димитирјевиќ.
Извор/kfsm.mk