Кошаркарската репрезентација на Македонија доби тешки противници во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година.
На денешната ждрепка во Миенс, Швајцарија, Македонија за противници во Г-групата ги доби актуелниот светски првак Шпанија, односно Грузија и Украина.
Пласман во вториот квалификациски круг ќе изборат три селекции. Групата Г-потоа ќе вкрсти со Х-групата во која се Италија, Русија, Холандија и Исланд.
Во вториот круг се пренесуваат бодовите освоени во групата. Пласман на Мундијалот ќе изборат по три најдобри селекции од новоформираните групи.
Квалификациите ќе се играат од ноември оваа година до февруари 2023 година.
Светското првенство ќе се одржи од 25.август до 10.септември 2023 година во Индонезија, Филипини и Јапонија.
Квалификациски групи за СП во 2023 година:
Група А: Србија, Летонија, Белгија, Словачка
Група Б: Грција, Турција, Велика Британија, Белорусија
Група Ц: Словенија, Хрватска, Финска, Шведска
Група Д: Германија, Полска, Израел, Естонија
Група Е: Франција, Црна Гора, Унгарија, Португалија
Група Ф: Литванија, Чешка, БиХ, Бугарија
Група Х: Шпанија, Украина, Грузија, Македонија
Група Х: Италија, Русија, Холандија, Исланд
Фото/kfsm.mk