Женска сениорска репрезентација на Македонија, во некомплетен состав со новиот селектор ги започна подготовките за првите натпревари што ќе ги одигра во рамки на квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2021 година.
Селекторот Владимир Ѓоровиќ подготовките ги започна со кошаркарките што играат во државата, а викендов очекува репрезентацијата да биде комплетна, кога на тренинзите ќе им се приклучат и интернационалките.
Репрезентативките ќе одиграат натпревар против Германија на 14. ноември, а три дена подоцна ќе се пресметаат со Летонија на домашен терен.
извор/ kfsm.mk