Кошаркарките на САД го соборија рекордот по број на постигнати поени на натпревар едно Светско првенство. На Мундијалот во Сиднеј, Американките против Јужна Кореја постигнаа 145 поени, два повеќе од претходниот рекорд стар 32 години.
Американките кои веќе се пласираа во четвртфиналето славеа со 145:69 во четвртата средба во групата А.
Со тоа го подобрија рекордот на Бразил од 1990 година, и победата над Малезија со 143:50.
Кошаркарите на САД три пати биле светски шампионки, а моментално ја предводат групата А на Светското првенство со максимални осум бода. Кина и Белгија имаат по седум бодови, Порторико и Јужна Кореја по пет, а Босна и Херцеговина четири бода.