Top Sport

Кошаркарките во група со Латвија, Германија и Хрватска

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија ги доби противничките во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2021 година.

Македонија е во И-групата заедно со Латвија, Германија и Хрвтска.

Пласман на Европското првенство кое во 2021 година ќе се одржи во Франција и Шпанија ќе изборат победниците на деветте групи и пет второпласирани селекции.

Квалификациите ќе се играат од 10 до 18 ноември оваа година, потоа оd 8 до 16 ноември 2020 година и ќе завршат од 31 до 8 февруари 2021 година.

фото/fiba

 

 

 

Scroll to Top