Инцидент сличен на овој што го направи Луси Суарез на Светското првенство во 2014 година предизвика колеџ-кошаркарот Дежон Жаро.
Играчот на универзитетот Хјустон, на шест минути и 16 секунди до крајот на натпреварот со универзитетот Синсинати, во одид да дојде до топката за нога го касна противничкиот играч Мамду Дијара.
„Најпрвин помислив дека судиите погрешија, но кога ја видов снимката од инцидентот од повеќе агли јасно забележав дек Жаро навистина го каснал за ногата Дијара. Во име на нашиот тим му се извинив на колегата од Синсинати, Џон Бранен“, рекол тренерот на универзитетот Хјустон Келвин Симпсон.
Houston guard DeJon Jarreau was ejected for biting. pic.twitter.com/olWPDulzfV
— ESPN (@espn) February 2, 2020