Еден од најспектакуларните кошаркарски потези оваа година се случи во бразилската НББ лига и беше дело на кошаркарите на Цезаренсе.
Во дуелот со Бауру, гостите водеа со 77:80 на само две секунди пред крајот. Кошаркарот на домаќините, Паулињо Борасини беше на линијата за слободни фрлања – првото го погоди, а потоа дојде бразилскиот спектакл.
Тој намерно го погоди обрачот на кошот, топката излета кон аут, но тој успеа да ја стигне и од неверојатна позиција да постигне тројка за победа од 81:80. Навистина невидено!