Каваи Ленард ги однесе Торонто Репторс во финалето во Источната конференција и се запиша во историјата на НБА лигата.
Репторс успеаја да ја добијат мајсторката со Филалдлефија 92:90, а последните поени на мечот, со звукот на сирената ги постигна Ленард. Популарниот „Канџа“ е првиот играч во историјата на лигата што успеал да реши мајсторка со звукот на сирената, а досека биле одиграни 135 седми натпревари.
Последниот кош е „филмски“, Ленард ја исфрли топката од аголот на 0,3 секунди до крајот, пота таа четири пати отскокна на обрачот и пота мина низ мрежичката.
Момент што предизвика тотална лудница во Торонто.
А Ленард, тој натпреварот го заврши со 41 поен и уште еднаш потврди дека е меѓу најдобрите тројца кошаркари во НБА лигата.