Top Sport

Крај на сезоната во Грција, титулата за ПАО

Грците решија да стават крај на кошаркарската сезона поради пандемијата што ја предизвика вирусот Ковид-19.

Челниците на грчката лига објавија крај на првенството, а за шампион го прогласија Панатинаикос. За „зелените“ од Атина ова е 39 титула во клупската историја.

Во моментот кога шампионатот беше прекинат поради коронавирусот Панатинаикос на таблета беше лидер со два поени повеќе од АЕК.

Челниците на лигата решија дека нема да има испаѓање што значи дека клубовите од Солун, ПАОК и Арис кои се наоѓаа на последните две места ќе останат во лигата и наредната сезона.

Scroll to Top