Шпанскиот репрезентативец, Рики Рубио, поради повреда ја заврши сезоната. Рубио се повреди пред два дена, во финишот на натпреварот со Њу Орлеанс Пеликанс.
Кливленд Кавалирс, потврдија дека Рубио, ги повредил лигаментите во левото колено. Шпанецот, втор пат во кариерата се соочи со оваа повреда.
Рубиот на почетокот на сезоната пристигна во Кливленд. Блескаше на натпреварот на кој се повреди, во моментот кога го напушти имаше учинок од 27 поени, 13 скока, девет асистенции и по две украдени топки и блокади.
Ricky Rubio was helped off the court after suffering an apparent injury on this play. pic.twitter.com/QuNciWZB2y
— SportsCenter (@SportsCenter) December 29, 2021