Top Sport

Кралски пречек за Ленард во Торонто (Видео)

Каваи Ленард МВП на финалната серија од минатата сезона, изминатата ноќ во дрес на друг тим се врати во Торонто каде го доби својот шампионски прстен.

Навивачите на Репторс на неверојатен начин го пречекаа Ленард. „МВП, МВП!“, ечеше во арената во Торонто. Ленард го заслужи ова бидејќи низ плејофот го влечеше тимот до историската прва титула.

Каваи откако го прими шампионскиот прстен го предводеше својот нов тим, ЛА Клиперс до победата 112:92. Тој натпреварот го заврши со 23 поени, пест скока и шест асистенции.

Поен повеќе кај Репторс уфрли Паскал Сијакам.

Клиперс со оваа победа имаат скор 19/7 и се втори на Западот, додека Торонто имаат скор 16/7 и се петти на Истокот.

Scroll to Top