Top Sport

Креаторот на „Squid Game“ удри по Леброн: Нека направи тој продолжение

Јужнокорејскиот режисер Хванг Донг-Хјук, креаторот на екстремно популарната серија на „Нетфликс“, „Squid Game“ вели дека НБА ѕвездата може да си направи свое продолжение ако не му се допаѓа серијата, користејќи ја шансата да го критикува новиот филм на Леброн, „Space Jam 2“.

Серијата која претставува луѓе со огромни долгови кои добиваат шанса да добијат пари со серија детски игри со убиствени последици, од септември успеа да собере неверојатни 111 милиони луѓе, но четирикратниот НБА шампион не беше воодушевен од крајот.

„Да, ја завршив. Не ми се допаѓаше крајот. Знам дека ќе има втора сезона, но немаше никаква смисла тоа што се случи. Што правиш човеку?“, изјави Џејмс.

Хванк, кој ја смисли серијата како критика на социјалните односи во Јужна Кореја, за „Гардијан“, имаше интересен одговор.

„Сте го гледале ли ‘Space Jam 2’? Леброн Џејмс е кул и може да каже што мисли. Го почитувам тоа, и благодарен сум што ја изгледал цела серија. Но, не можев да го сменам крајот, тоа е мој крај. Ако има поинаков крај кој ќе го задоволи, нека направи продолжение. Можеби тогаш јас ќе му пратам порака и ќе му кажам дека не ми се допаѓаше крајот“, вели Хванк.

Scroll to Top