Кошаркарите на Оклахома сити Тандер забележаа победа над Хјустон Рокетс 104:100 со што изборија седми меч во првата рунда во плејофот, во Западната конференција во НБА лигата.
Тандер во последната минута од натпреварот во Орландо влегоа со два поени негатива (98:100), меѓутоа со поените на Денис Шрудер, Крис Пол и Данило Галинари направија серија 6:0 и стигаа до победата.
Ветеранот Крис Пол во последната четвртина блескаше и го влечеше својот тим. Тој во овој период постигна 15 од своите 28 поени. Одличен меч за Тандер одигра и Данило Галинари (25 поени, 5 скока).
Хјустон го предводеше Џејмс Харден со 32 поени, 8 скока и 7 асистенции.
Седмиот меч од оваа серија на програмата е во ноќта помеѓу среда и четврток. Победникот во полу-финалето ќе игра против Лос Анџелес Лејкерс.