Top Sport

Куманово не дозволи изненадување од Гостивар

Куманово, заедно со шампионот Работнички и Блокотехна, останува единствениот тим со совршен учинок по првите две кола во Суперлигата, откако со 75:63 (17:16, 18:11, 21:21, 19:15) го совлада тимот на Гостивар не дозволувајќи изненадување.

Неизвесно беше само во првата четвртина, по што тимот на Александар Петровиќ се одвои резултатски и потоа рутински стигна до победата.

Адем Мекиќ имаше 26 поени и 8 скока за домашниот тим, додека кај гостиварци најефикасен беше Американецот Фустингер со 19 поени.

Фото: КК Куманово

Scroll to Top