Кајл Кузма потпиша нов три годишен договор со Лос Анџелес Лејкерс. Кузма од Лејекрси ќе добие 40 милиони долари.
Кајл Кузма беше 27 пик на драфтот во 2017 година. Минатата сезона со Лејекрси ја освои шампионската титула.
Тој имаше важна улога во походот на шампионскиот прстен. Минатата сезона имаше просек од 12,8 поени и 4,5 скока по натпревар.
Во кариерата просечно постигнува по 16 поени по натпревар.
Инаку, во новиот договор, Кузма има опција, пред почетокот на последната година да стане слободен играч.
Претходно, Лос Анџелес Лејкерс, ги продолжија договорите со двете најголеми ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.