Кошаркарот на Црвена ѕвезда Огњен Кузмиќ успешно закрепнува од тешката сообраќајна несреќа што се случи пред една недела кај Бања Лука.
Кузмиќ се здоби со тешки повреди, а на одделението за интензивна нега во Ургентниот центар во Белград неколку дена беше во вештачка кома. Во средата му беше извршена операција на горната вилица и лицето.
Неговата здравствена состојба е стабилна, а според семејниот пријател и новинар, Зоран Шаренац, тој утре ќе го напушти одделението за интензивна нега.