Top Sport

ЛА Лејкерс ги победија шампионите (Видео)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс славеа во дуелот со Голден стејт Вориорс 123:113 во претсезонскиот натпревар.

Исто како и на претходните натпревари, најдобрите играчи во двата тима на теренот минаа нешто повеќе од 20 минути.

Најдобриот играч на денешницата, Леброн Џејмс за 17 минути забележа 15 поени, 10 скока и седум асистенции. Лејкерс ги предводеше Брендон Инграм со 26 поени, шест помалку постигна Кентевијус Калдвел-Поуп.

Актуелните шампиони ги предводеа Стеф Кари и Клеј Томпсон со 23, односно 20 поени, додека Кевин Дурент имаше учинок од 16 поени и 12 скока.

Новата НБА сезона ќе започне на 16.октомври.

Резултати:

Детроит-Вашингтон 97:101
Орландо-Мемфис 102:86
Торонто-Бруклин 118:91
Атланта-Сан Антонио 130:127
Мајами-Њу Орлеанс 140:128
Чикаго-Индијана 104:89
Портланд-Феникс 116:83

Scroll to Top