Top Sport

Џаро: Каде што има Срби и Хрвати таму најмногу се местат натпревари

Уште пред десет години говорев дека во Белгија најмногу се местат натпревари. Уште стојам зад таа своја изјава, изјавил за хрватскиот портал „24sata.hr“, Велибор Џаровски, по повод големиот скандал кој вчера го стресе белгискиот фудбал.

Акцијата „Чиста рака“, што вчера ја спроведе белгиската полиција, во соработка со колегите од уште неколку европски држави, резултираше со апсење на неколку познати фудбалски имиња во оваа земја.

Меѓу уапсените е и тренерот на шампионот Клуб Бриж, Хрватот Иван Леко. Покрај него приведени се српскиот менаџер Дејан Вељковиќ, менаџерот со иранско потекло Моџи Баја, поранешниот тренер на Андерлехт Херман ван Холсбек и судиите Себастиен Делферир и Барт Вертенен.

Според белгиските медиуми главен во операцијата бил Бајат. Полицијата ги истражувала неговите банкарски трансакции бидејќи се сомнеаваат дека преку него ги переле парите.

Полициската акција „Чиста рака“, се води во сите поголеми клубови во Белгија. Полицијата вршела претрес во Андерлехт, Клуб Бриж, Генк, Гент, а под истрага биле уште 10 клуба.

„Во Белгија се масти најмногу во цела Европа, бидејќи таму имаше најмногу фудбалери од државите што настанаа со распадот на Југославија. Тоа го говорев уште пред десет години. Никаде не се мести толку, како што тоа се прави во Белгија. Кога Стандард изгуби од Варегем „умреа“ сите обложуваќи во Европа“, изјавил популарниот Џаро, кој воопшто не е изненаден што меѓу уапсените има Србин и Хрват.

„Таму каде што има Срби и Хрвати има и местење. И јас сум работел и местел со Хрвати и ќе го правам тоа и во иднина. Белгиската полиција ја прислушкува цела Европа. Таму имаат софистицирани методи против местење на натпревари, то значи ако ги издвоиле Иван Леко и Дејан Вељковиќ, тогаш сум сигурен дека тие двајца се вмешани во местењето на натпреварите“, рекол Џаровски.

Во големата полициска акција, низ цела Европа, биле претерсувани куќи во Франција, Кипар, Србија, Македонија…Според белгиските медиуми само во Белград и во Ниш биле запленети 800.000 евра. Во Белгија бил извршен претрес во 44 куќи.

Scroll to Top