ЛА Лејкерс објавија дека му врачиле отказ на тренерот Лук Волтон. Поранешниот играч на ова франшиза, освојувач на две титули во НБА лигата, го предводеше тимот три сезони.
Генералниот менаџер на Лејкерс, Роб Пелинка, рекол дека клубот и тренерот договориле спогодбен раскин на договорот.
Како можен наследник на Волтон се споменува Тајрон Лу, тренерот кој на Кливленд Кавалирс им ја донесе титулата во 2016 година. Оваа идеја ја поддржува првата ѕвезда Леброн Џејмс.
Исто така медиумите шпекулираат и со името на помошникот во Филалделфија Монти Вилијамс, за кого интерес покажуваат и Сакраменто Кингс.
Волтон е син на НБА легендата Бил Волтон. Во кариерата има освоено шампионски прстен како тренер-асистент на Стив Кер во Голден стејт Вориорс.
Лејкерс оваа сезона ја завршија со 37 победи и 45 порази и не успеаја да се пласираат во плејофот. Инаку клубот пред три дена го напушти и претседателот на кошаркарските операции Ирвин Меџик Џонсон.