Top Sport

ЛА Лејкерс имаат алтернатива ако ги извиси Ленард

ЛА Лејкерс минатата недела го договорија најдобриот центар во НБА, Ентони Дејвис, а во буџетот имаат пари да донесат уште еден супер-стар. Изборот е Каваи Ленард, кој на Торонто Репторс им ја донесе шампионската титула. Доколку Ленард ги одбие, Лејкерс се подготвени да реагираат на пазарот и да ангажираат тројца искусни играчи.

Од врвните играчи во НБА, оние што имаат статус на мега ѕвезди и кои летово станаа слободи играчи само Ленард се уште не соопштил каде ќе игра во новата сезона.

Торнот имаат намера да го задржат, а франшизите од Лос Анџелес, Лејкерс и Клиперс, се надеваат дека МВП на финалната серија ќе ги одбере нив.

Лејкерс веќе завршија одлична работа со ангажманот на „веѓата“ Дејвис, веќе подготвиле алтернативен план доколку „канџата“ Ленард ги одбие.

Тројца играчи во тој случај би требало да пристигнат кај „езерџиите“: Демаркус Казинс, Дени Грин и Маркус Морис.

Казинс минатата сезона играше во Голден стејт Вориорс, а претходно му беше соиграч на Дејвис во Њу Орлеанс Пеликанс. „Буги“ минатата сезона поради повредата на Ахиловата тетива одигра само 30 натпревари за Вориорс.

Морис е благодарен клупски играч, последните три сезони играше за Бостон Селтикс. Минатата сезона ја заврши со просек од 14 поени по натпревар.

Грин е поранешен играч на Сан Антонио Спарс, а сезонава заедно со Ленард ја освои титулата со Торонто. Има одлична реализација за три поени од 45,5 отсто.

Scroll to Top