Top Sport

Иванов замина од МЗТ Скопје

Иве Иванов (33) по само една сезона реши да ги напушти редовите на МЗТ. Иванов кариерата ќе ја продолжи во Задар откаде минатото лето дојде во Скопје.

„Потпишавме договор на една година, а потоа ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, рекол спортскиот директор на Задар Бранимир Лонгин.

Иванов е милениците на навивачите на клубот од Задар чии дрес претходно го носеше во сезоните 2003/2004, 2010-2015 и 2017/2018. Во кариерата настапувал и за Борик, Забок, Крка, Шибеник и МЗТ Скопје.

Минатата сезона Иванов со МЗТ ја освоија титулата во првенството на Македонија, но не успеа да им помогне на „металците“ да се пласираат во АБА-лигата. Во баражот МЗТ во три натпревари не успеа да биде подобар токму од Задар.

Иванов минатата сезона во АБА 2-лигата имал просек од 15,2 поени, 5,2 скока и 3 асистенции по натпревар.

Foto: Zadar/Zvonko Kucelin

Scroll to Top