Top Sport

ЛА Лејкерс со победа ја разубавија церемонијата за Пау Гасол

Кошаркарите на ЛА Лејкерс го победија Мемфис Гризлис со 112:103, а вечерта во „Крипто.ком“ арената му беше посветена на играчот што настапуваше за двата тима, Пау Гасол.

На свечена церемонија пред почетокот на мечот, дресот со „16“ беше повлечен од употреба и закачен веднаш до „осумката“ и до „24“ на Коби Брајант. Пау Гасол шест години (2008-2014) играше за ЛА Лејкерс.

Шпанецот во НБА лигата пристигна во 2001 година, и заигра за Мемфис, а во 2008 година се пресели во ЛА Лејкерс каде во тимот заедно со Коби Брајант освои две шампионски титули, во 2009 и 2010 година. Сега неговиот дрес се наоѓа покрај двата дреса на Коби (8 и 24).

ЛА Лејкерси го совладаа Мемфис Гризлис со 112:103 иако се без повредениот Леброн Џејмс и ја продолжија борбата за пласман во плејофот. Ентони Дејвис мечот го заврши со 30 поени и 22 скока.

Милвоки без повредениот Јанис Адетокумбо го совлада Орландо меџик со 123:134. Брук Лопес со 26 поени беше предводникот на Милвоки на овој меч.

Џоел Ембид имаше одличен настап за Филаделфија, постигнувајќи 39 поени во триумфот (94:117) над Минесота.

Далас Маверикс со 120:116 ја совлада Јута. Лука Дончиќ постигна 29 поени и имаше 10 скока, додека Кајри Ирвинг беше стрелец на 33 поени.

Резултати: Детроит – Вашингтон 117:119, Орландо – Милвоки 123:134, Минесота – Филаделфија 94:117, Њујорк – Шарлот 105:112, Хјустон – Бруклин 96:118, Оклахома сити – Голден Стејт 137:128, Далас – Јута 120:116, ЛА Лејкерс – Мемфис 112:103.

Scroll to Top