Top Sport

Ларкин ја предводи најдобрата петорка во Евролигата

Кошаркарските фанови на официјалната страница на Евролигата ја избраа најдобрата петорка во елитното натпреварува за изминатата сезона, која поради пандемијата што ја предизвика коронавирусот не го доживеа својот крај.

Петмина играчи од пет различни екипи ја формираа најдобрата петорка во Евролигата за сезоната 2019/2020.

Тројца од нив се бекови Ник Калатес (Панатинаикос), Мајк Џејмс (ЦСКА Москва), Шејн Ларкин (Ефес), крилен-центар е Никола Миротиќ (Барселона), а центар Никола Милутинов (Олимпијакос).

Двајца од избраните од наредната сезона имаа нови клубови, Ник Калатес ќе игра во Барселона, а Никола Милутинов во ЦСКА Москва.

 

Scroll to Top