Играчот на Анадолу Ефес Шејн Ларкин е прогласен за најдобар во Евролигата, за месец ноември.
Ефес минатиот месец победија во сите пет натпревари што ги одиграа во Евролигата. Пред Ларкин и другарите паѓаа Олимпијакос, Зенит, Асвел, Армани и Баерн.
Во таа серија Ларкин просечно постигнувал по 26 поени.
Особено импресивна партија пружи против Баерн кога постигна 49 поени (15/19 шут од игра), што е нов рекорд во Евролигата, и забележа 53 индексни поени.