Top Sport

Фамозен „двоен нокаут“ и во ММА – се „патосираа“ со силен удар со левица (видео)

Фамозниот „двоен нокаут“, во кој двајца борци го завршуваат мечот во исто време, честопати е дел од комедиите или цртаните филмови, но сега се случи токму тоа во ММА дуелот во Португалија помеѓу Едер Лопеш и Диого Невеш.

22-годишниот Лопеш и 31-годишниот Невеш упатија силен удар со левата рака во истиот момент во нивниот дуел во Лисабон, но светскиот шампион во кик-бокс, Лопеш прв стана на нозе и стигна до победата.

Ова наликуваше на дуелот од УФЦ меѓу Ден Харди и Карлос Кондит од пред неколку години, во кој двајцата фајтери упатија нокаути во исто време. И тука, Кондит прв стана на нозете и беше прогласен за победник. Руската легенда Федор Емелианенко исто така има пораз во ваков меч од Мет Митрион во Белатор меч во 2017 година.

Scroll to Top