Кошаркарот на Кливленд Кавалирс, Кевин Лав, поради потрес на мозокот, ќе го пропушти решавачкиот седми натпревар во финалето на Истокот, против Бостон Селтикс.
Крилниот-центар, со потрес на мозокот се здоби на претходниот меч, шести од серијата, кога се судрил со Џејсон Тејтум.
Лав не блеска во финалната серија против Селтикс, меѓутоа покрај Леброн Џејмс е најконстатнтниот играч на Кавалирс.
Во досегашниот тек од плеј-офот, Лав има „дабл-дабл“ просек од 13,9 поени и 10 скока по натпревар.
Решавачкиот седми меч од финалната серија во Источната конференција, ќе се одигра в понеделник од 2:30 часот по средно-европско време, во „ТД гарден“ во Бостон.