Кевин Лав нема да игра за репрезентацијата на САД на Олимписките игри во Токио. Ден претходно САД остнаа и без ѕвездата на Вашингтон Визардс, Бредли Бил.
Кевин Лав, изминатите две недели, тренираше со тимот во Лас Вегас, меѓутоа реши да се повлече поради повредата на листот, со која имаше многу проблеми минатата сезона.
Покрај откажувањата на Лав и Бил, проблем за Американците се и тројцата кошаркари кои со своите тимови играат во финалето, во НБА лигата. Не е познато кога Крис Мидлтон, Џру Холидеј и Девин Букер ќе и се приклучат на репрезентацијата.
САД вечерва требаа да играат контролен меч со Австрилај, но го откажаа поради здравствените и безбедносните протоколи.