Селекторот на женската кошаркарска репрезентација на Македонија, Марјан Лазовски, го скрати списокот на повикани кошаркарки на кои ќе смета за претстојните натпревари во рамки на квалификациите за Европското првенство.
Македонските кошаркарки на 17.ноември, во СЦ „Јане Сандански“, ќе ја пречекаат селекцијата на Шведска, а на 21.ноември ќе гостуваат во Хрвтаска.
Очекувано на списокот на селекторот ги нема Нена Трајчевска и Едина Муса, меѓутоа изненадувачка е одлуката што тој не ги повика натурализираните Американки, Криси Гивенс и Дјуана Бонер, која во март доби македонски пасош.
За првиот собир, закажан за 12. ноември со почеток во 20:00 часот во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“, предвидено е да се појават 13 кошаркарки.
1. Анџелика Митрашиновиќ
2. Ивона Пејковска
3. Ана Тантуровска
4. Софија Лазареска
5. Александра Стојановска
6. Ивана Кметовска
7. Матеа Николиќ
8. Јована Петрушевска
9. Јелена Антиќ
10. Цветанка Димова
11. Анамарија Шеќероска
12. Ивона Кожобашиовска
13. Кристина Јаневска