Најдоминантниот кошаркар на денешнината Леброн Џејмс летово би можел да влезе во преговори со Голден Стејт Вориорс, објави ЕСПН.
Новинарот Крис Хејнс во својот текст пишува дека доколу Вориорс направат место во „селери капот“, тогаш би можеле да ги започнат преговорите со Џејмс.
Иако од оваа перспектива ова делува како невозможно, изминатите две години во НБА лигата се случија такви трансфери што и оваа опција ја правата возможна.
Џејмс по завршувањето на сезоната сигурно ќе ја искористи опцијата да стане слободен играч и веќе се шпекулира каде би можел да заврши. Се спеменуваат екипите на Хјустон, ЛА Лејкерс, Сан Антонио, ЛА Клиперс и сега Голден Стејт.
Актуелниот шампион веќе има еден од најсилните тимови во историјата на лигата со Кари, Томпсон, Грин и Дурент.
Како што пишува новинарот на ЕСПН по завршувањето на сезоната Џејмс би потпишал договор со Кливленд, а потоа веднаш бил бил разменет во Голден Стејт за Клеј Томпсон и Андре Игудала.
ESPN Sources: LeBron James could meet with Golden State Warriors during free-agency. https://t.co/6VACFDFf4M
— Chris Haynes (@ChrisBHaynes) February 1, 2018