Top Sport

Леброн Џејмс и ЛА Лејкерс загубија добиен меч, Крис Пол влезе во историјата

Лос Анџелес Лејкерс го доживеа третиот пораз во новата НБА сезона, откако загуби од Портланд со 106:104 во драматичен расплет. Леброн Џејмс го имаше послесниот шут, но не го реализира, па на крајот гостите се радуваа.

Портланд на полувреме имаше водство од 55:48, но Лејкерс одигра одлична трета четвртина која ја доби со 35:23 и поведе со 83:78.

Во последните две минути, Лејкерс имаа водство од седум поени, но го испуштија. Во последниот напад, во кои Лејкерс имаа само три секунди, Леброн Џејмс шутираше и промаши, па Портланд се радуваше на победа.

Лилард со 41 поен беше најефикасен кај победничкиот тим, додека Леброн Џејмс постигна 31 поен, а имаше и по осум скока и асистенции во тимот на ЛА Лејкерс.

Крис Пол влезе во историјата на НБА-лигата, откако стана третиот играч кој дошол до бројката од 11.000 асистенции, а прв кој заедно со тоа постигнал и над 20.000 поени.

Пол во победата на Феникс на гости кај ЛА Клиперс од 112:95 постигна само седум поени со реализација од 3/11, но имаше осум скока и подели 11 асистенции. Со ова дојде до 11.009 во својата кариера, а на вечната листа пред него се Џејсон Кид и Џон Стоктон.

Резултати: Сакраменто – ЛА Клиперс 109:111, ЛА Лејкерс – Портланд 104:106, Атланта – Шарлот 109:126, Кливленд – Вашингтон 117:107 (прод.), Њу Орлеанс – Јута 121:122 (прод.), Оклахома – Минесота 106:116, Голден Стејт – Сакраменто 130:125, ЛА Клиперс – Феникс 95:112.

Scroll to Top