Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го победија Хјустон Рокетс со 140:132, а блескаше Леброн Џејмс кој постигна 48 поени, со девет асистенции и осум скока во ноќта посветена на Мартин Лутер Кинг во НБА лигата. Тој петти пат откако има над 35 години, успеа да одигра натпревар со над 35 поени.
Мајкл Џордан успеа само трипати, а сите други играчи заедно на планетава – само еднаш.
Но, откако наполни 38 години, Џејмс има просек од 37 поени, 9,7 скока и 8,6 асистенции.
Што се однесува до мечот, тој беше решена на крајот на третиот и почетокот на четвртиот период. ЛА Лејкерс од 100:98 направија серија и дојдоа до водство од 111:98.
Иако Хјустон повторно успеа да дојде до два поени негатива на самиот крај (131:129), домашните успеаја да го одбијат тој напад и да ја забележат 20. победа сезонава.
Мемфис Гризлис убедливо го совладаа Феникс Санс со 136:106.
Гризлис против ривалот десеткуван од повреди стигнаа до јубилејната десетта победа во низа и ја продолжија борбата со Денвер Нагетс за првото место на Западот.
Во следниот натпревар против Кливленд Кавалирс, тие имаат шанса да го израмнат рекордот на франшизата од 11 последовни победи поставен минатата сезона.
Мемфис го предводеа Џа Морент со 29 поени и Дезмонд Бејн со 28 поени, додека Џерен Џексон додаде 18 кошеви со дури 6 блокади.
Гризлис го имаа луксузот да ги имаат Морент и Дилон Брукс на клупата во последната четвртина, бидејќи имаа предност од 36 поени.
Мемфис постигна најмалку 130 поени на трет натпревар по ред, израмнувајќи го рекордот на франшизата, исто така поставен минатата сезона.
Феникс Санс, кои се уште се без Крис Пол и Девин Букер, беа предводени од Микал Бриџис со 21 поен и Деандре Ајтон со 18 поени.
На останатите натпревари беа постигнати следните резултати: Милвоки – Индијана 132:119, Кливленд – Њу Орлеанс 113:103, Њујорк – Торонто 121:123, Вашингтон – Голден Стејт 118:127, Атланта – Мајами 121:113, Минесота – Јута 125:126.