Top Sport

Монако пред испаѓање, по новиот пораз фановите тргнаа да се пресметаат со играчите

Екипата на Монако е пред испаѓање од Лига 1 во Франција по новиот пораз на клубот, овојпат од тимот на Ним на гостински терен со 1-0. Монако на последните 7 меча нема забележано победа, моментно е на 17. позиција на табелата, едно место над зоната за испаѓање.

На две кола до крајот грчевито ќе се бори да не заврши во втора лига, а моментно има само еден гол подобра гол-разлика од Каен, кој заедно со Дижон и Генгамп се наоѓаат во „црвената зона“.

Клубот од Кнежевството не така одамна играше полуфинале во Лигата на шампионите (2017 година), а истата година стана и првак на Франција.

По вчерашниот пораз од Ним незадоволните навивачи се обидоа да ја пробијат заштитната ограда за да се пресметаат со фудбалерите, но не успеаја во намерата, а фудбалерите набрзина се повлекоа во соблекувалните.

Во двете последни кола од Лига 1, Монако најпрво дома игра со Амиен, додека во последното коло и гостува на Ница.

Scroll to Top